Писмото на американската амбасадорка Анџела Агелер испратено до повеќе институции во државава во кое изразила загриженост поради начинот на процесуирање и одолговлекувањето на високо профилни судски предмети, го разбранува правосудниот систем.
По првичните реакции на претставници на извршната власт дека одговор на забелешките пред се треба да дадат судиите и оние кои управуваат со нивната работа, правосудните институции деновиве ги зафатија турбуленции кои резултираа со разрешување на претседателката на Судскиот совет за кое некои прави експерти оценуваат дека е нелегитимно, како и јавни препукувања во обвинителската фела.
Новоизбраните членови на Судскиот совет на Република Македонија Мирјана Радевска-Стефкова, Зоран Герасимовски и Ивица Николовски, денеска ќе дадат свечена изјава пред претседателот на
Судскиот совет во средата на јавна седница неочекувано ја разреши претседателката Весна Дамева. Директен повод за разрешување на Дамева било нејзиното одбивање да стави на дневен ред нова точка и наводното криење на писмото од амбасадорката Агелер. Нејзиното разрешување го иницира заменикот Селим Адеми, кој по неколку часа тензии и расправии, доби поддршка од 7 од 13 члена на Советот за отстранување на Дамева од претседателското место.
Нејзиниот наследник требаше да се избира вчера, но седницата на Судскиот совет на која се очекува да се гласа нов претседател е презакажана за 2 мај во 11 часот. Заменик-претседателот на Советот Селим Адеми, побара одлагање за неколку дена, поради, како што рече, важноста на прашањето како што е избор на нов претседател, за кое би било добро присуство на сите 13 членови
Дамева, која по гласањето за нејзино разрешување обвини дека „Советот е претворен во анархија“, а одлуката ја оцени како противзаконска и донесена „за да се задоволат одредени поединци од политиката“, вчера произнесувајќи се за предлогот за одлагање на седницата, рече дека се надева оти во наредните денови ќе има доволно време да се види дали ќе се обезбеди потребното мнозинство за да се легализира, како што наведе, нејзиното незаконско разрешување.