Рано утрово избувнал пожар во производствена фирма лоцирана на патот кон Попова Шапка. „Пожарникарите повеќе од 4 часа водат борба со огнот, а имаме и повредени пожарникари“, информирал командирот на пожарникарската единица.
Пожар избувна во производствено-деловен објект на патот од Тетово кон Попова Шапка и сè уште се гаси од тетовските пожарникари. Пожарот бил пријавен во 6 часот и 15 минути на бројот за итни случаи.
Тетовските пожарникари сè уште интервенираат на гаснењето на огнот и ликвидирање на пожарот.
„При интервенцијата има и повредени пожарникари, сè уште интервенираме“, информира командирот на тетовската пожарна Авни Амети.