На 14.09.2026 во 13:35 часот, полициски службеници од СВР Велес извршија службен разговор со 38-годишната А.Ј. од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека не ја почитувала одлуката од Основен суд Велес за забрана да го вознемирува, да му се приближува и директно или индиректно да комуницира со нејзиниот 36-годишен поранешен партнер. Таа му ѕвонела на неговиот број и му пишувала пораки на социјални мрежи со заканувачка и навредлива содржина . По целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Имала забрана да му се приближува и да го вознемирува, а му пишувала пораки
предходна објава