За СДСМ критиките за коридорите биле хајка на Мицкоски

од Вести365.МК | М.Т.

Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се под заложништво на проруската Левица и водат хајка против најголемиот инфраструктурен проект во нашата држава, стратешкиот проект за изградба на коридорите 8 и 10д и против реномираната  американска компанија Бехтел.

Од партијата велат дека проектот е вреден 1,3 милијарди евра, од кои најмалку 600 милиони евра ќе завршат кај наши домашни компании.

– Со невистини и спинови Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ застанаа против реализација на овој проект важен за развојот на земјата. Мицкоски не знае што е ниту градежништво ниту градба, тој е последен претставник на Црвената буржоазија. Мицкоски кариерата ја започнал кај својот татко на факултет, каде бил асистент токму кај својот родител, а потоа таму бил и вработен, додаваат од СДСМ.

Во нивното соопштение стои дека ништо сам во животот нема направено. Една шајка во животот нема заковано, освен онаа лажната во рекламен спот во 2020 година кога и ги загуби изборите.

– Мицкоски е последен што може да зборува за проекти, за градење и градежништво, сметаат тие.

Слични објави