Годинашната прослава на 2 Август – денот на Илинденското востание и Крушевската Република од 1903 година, како и првото заседание на АСНОМ, традиционално ќе биде на три локации – на Мечкин Камен во Крушево, во Пелинце и на скопскиот плоштад.
Според вообичаениот систем на ротација, оваа година во Крушево ќе биде претседателот на Собранието, Талат Џафери, претседателот на државата Стево Пендаровски ќе оди на Пелинце, а во Скопје ќе биде премиерот Димитар Ковачевски.
Засега не се знае дали Пендаровски од Пелинце ќе има можност да оди и во манастирот Прохор Пчински, иако лани, првпат по 18 години, по прославата во Скопје, предводеше државно-црковна делегација која што го посети манастирот во кој е одржано првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година.
Инаку, лани, според системот на ротација, во Крушево беше премиерот Ковачевски, во Пелинце беше собранискиот спикер Џафери, а во Скопје претседателот Пендаровски.