Ноќта кога Урош Б.(21) уби осум лица и рани дури 14 лица во селата Мало Орашје и Дубона во Србија, Јелена А.(19) можеше да биде уште една негова жртва. Лудиот убиец по злосторството скокнал во такси, а внатре веќе имало патничка. И таксистот и девојката станаа заробеници на Урош, следеше агонија која траеше цели три часа, а тие немаа поим во кого гледаат. Да потсетиме, страшното злосторство се случи само еден ден откако К.К.(13) уби осуммина соученици и обезбедување во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. За да избега жива, Јелена го убедила киднаперот дека е бремена.
Не сум трудна, го излажав киднаперот, со надеж дека нема да ме убие ако знае дека чекам бебе. Ова го направив за да си го спасам животот, но и животот на таксистот – изјавила Јелена А.(19) во застрашувачка исповед за Курир. Девојката во понеделникот сведочеше и во истрагата што ја спроведе Вишото јавно обвинителство во Смедерево против Урош Б.
Таа вечер, околу 22:30 часот, со такси од Смедерево тргнав кај дечко ми во Уб и додека разговарав со таксистот зошто има толку многу полиција и итна помош на патот, кај патарината во Мали Пожаревац, каде што стоевме, видов крупен млад човек во сина маица како излегува од шумата – опишала оваа девојка. Најпрво мислела дека младиот човек работи на наплатна рампа.
Пред нас имаше две возила, а тој млад човек со брзо темпо влезе во таксито. Седна до мене на задното седиште, а во раката држеше бомба! Таксистот викна: „Излези! Излези, кој си ти?!“ Се исплашив, а младиот само рече: „Продолжи да возиш! Сега убив толку луѓе, па ќе те убијам и тебе ако не слушаш!“ – се присетува за Курир Јелена А.
Веднаш се активирал инстинктот за преживување, па таа во секунда измислила дека е бремена, со надеж дека тој затоа ќе ја поштеди.
Само ме погледна и продолжи да се заканува дека ќе не убие. Кога поминавме покрај патарината, оддалеку се гледаше полицијата, а тој тогаш рече: „Не грижи се, љубов моја, ти си сега мојата жена, ти си бремена и одиме на лекар“. Ме прегрна и ме галеше за стомак. Ме полазија морници, но издржав – изјавила таа.
Тие ја избегнале полицијата, а таксистот постојано се обидувал да го истера убиецот од возилото, но тој одново почнувал да вика, да се заканува и да „игра со бомбата“, префрлајќи ја од рака во рака. Страшното возење траело речиси три часа, двојно повеќе од вообичаеното време што се бара од Смедерево до Уб. Имено, тие возеле низ околните села за да ја избегнат полицијата која буквално била на секој чекор.

Конечно стигнавме до Уб, ме оставија таму, и продолжија понатаму. Подоцна дознав каде го возел таксистот и што всушност направил – изјавила оваа девојка за Курир.
Како што пренесува Телеграф.рс, таксистот потоа се упатил кон Вињиште, за да го однесе Урош Б. до куќата каде што се криел додека не дошла полицијата. Самиот бил шокиран што киднаперот го оставил жив кога стигнале до целта. Таксистот потоа повикал полиција.