Завршни зборови за „Тендери“ на Канческа Милвска, СУДЕЊЕТО ПОЧНА ВО 2018

Во Основниот кривичен суд Скопје со давање завршни зборови од одбраната денеска продолжи судењето за случајот „Тендери“, против поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска.

Канческа Милевска е првообвинета во предметот „Тендери“ во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, како дека од проектот „Скопје 2014“.

Според обвинението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка

Истрагата беше отворена во 2016 година, судењето стартуваше на почетокот на 2018 година. Досега немаше првостепена пресуда, што значи предметот низ годините воопшто не стигна до Апелација.

Слични објави