Ердоган НЕ Е ДОБАР, прекина интервју, сега ОТКАЖА ПРЕДИЗБОРНИ СОБИРИ (ВИДЕО)

„Денеска, по совет на лекарот, ќе одмарам дома“, напиша Ердоган на Твитер.

Ердоган прекина телевизиско интервју поради стомачни тешкотии. Ердоган давал интервју во живо на турска телевизија кога програмата била прекината на околу 20 минути бидејќи на турскиот претседател ненадејно му се слошило.

Турската телевизија објави дека претседателот ќе учествува на настаните во четврток, но „онлајн“.

Шефот на државата нема да може лично да присуствува на свеченото отворање на нуклеарната централа Акују, а планирал да биде таму во друштво на Владимир Путин. Нуклеарната централа е изградена од руски компании, а неодамна Путин ја откажа посетата.

Претседателските и парламентарните избори во Турција ќе се одржат на 14 мај. Тие го претставуваат најголемиот изборен предизвик за Ердоган. Според анкетите на јавното мислење, Ердоган би можел да загуби по две децении на власт

Слични објави