Експлозивна направа оштетила автомобил од обезбедувањето на бугарскиот главен обвинител во момент додека се движел на патот Софија – Самоков.
Според првични информации на бугарски медиуми пред еден од автомобилите од обезбедувањето била активирана експлозивна направа. Засега не е јасно дали главниот обвинител Иван Гешев бил во некој од автомобилите. Повредено е лице од обебзедувањето. Патот е затворен и се врши истрага, јавија бугарските медиуми.
„Во инцидентот нема повредени…Не се повредени ниту главниот обвинител, ниту неговиот тим, ниту други граѓани. Во случајот сите сили се подигнати на спроведување на мерките за расчистување на случајот“, додаде Тодоров.
Формиран е штаб со сите служби на Министерството за внатрешни работи на Бугарија.
Засилено полициско присуство има на патот каде се случил инцидентот. Во вторник, привремениот премиер ќе свика состанок на Советот на министри.
Бугарски медиуми јавија дека била активирана експлозивна направа поставена покрај пат и оштетила автомобил од обезбедувањето на бугарскиот главен обвинител.