Европската Унија отвори истрага против Тикток

од Вести365.МК | М.Т.

Европската комисија отвори истрага против социјалната мрежа Тикток поради наводно кршење на правилата на Европската Унија за заштита на децата и транспарентноста на огласувањето.

Комисијата истражува дали алгоритмите на Тикток создаваат зависност или таканаречен „ефект на зајачка дупка“, односно појавата апликација корисниците да ги преплавува со слични содржини ако покажат интерес за некоја тема.

Комисијата ги истражува и поставките за приватност на малолетниците, како и тоа дали кинеската платформа ги задоволува правилата за рекламирање.

Истрагата се однесува на потенцијални кршења на Актот за дигитални услуги, релативно нова група закони кои ги регулираат онлајн платформите. Актот бара тие да управуваат со разни ризици како заштита на менталната благосостојба и правата на децата.

Со законите се забранува користење на податоците на малолетниците за да им се покажуваат таргетирани реклами.

Ако се покаже дека Тикток ги прекршил правилата, му се заканува казна до 6 отсто од годишните приходи, пишува германската новинска агенција ДПА.

Слични објави