Д-р Јовчески: Најчестиот третман на пациентите во внатрешноста е „ќе го пратиме во Скопје“

Докторот Лазо Јовчески за „Република“  ги посочува главните проблеми во македонското здравство. Познатиот детски хирург е убеден дека е потребна регионализација и да не биде сѐ целиот товар на Клиниките во Скопје.

Мора да се воспоствари мерит систем. Пред осум-девет години имаше добра идеја за наградување по успешност меѓутоа со лошо избран модел и непрофункционира.Меѓутоа идејата беше добра. Приватните болници треба да постојат и нормално е пациентите некогаш да бараат подобри услови. Дали јавното здравсто ќе се приближи до приватното не знам, но мора да изградиме мрежа на здравствени услуги, т.н здравствена мапа и мора да има т.н клинички патеки и секој однапред да знае без разлика каде живее при одредено заболување каде да се обрати и во која установа. Регионалните центри се дел од таа здравствена мапа. Најчестиот третман на пациентите во внатрешноста е „ќе го пратиме во Скопје“, за жал. Во Скопје треба да се лекуваат само тешките пациенти.Најголемиот дел на здравствени услуги пациентот треба да ги добие што поблиску до местот на живеење.Компицираните случаи е во ред да се испратат во Скопје-вели докторот за „Република“.

Слични објави