Дрин Ахмети стана директор на Соравиа

Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, станал управител на бизнис центарот „Соравиа“ во Скопје, откако беше објавено дека една од неговите фирми претходно треба да добие сопственички удел во овој деловен комплекс, пренесе Фактор.

Од 13 септември, Дрин Ахмети е втор директор во „Соравиа Инвест“, заедно со постоечкиот бугарски државјанин Валери Атанасов. Хано Соравиа и натаму се води како сопственик на компанијата.

Како што беше претходно објавено за младиот бизнисмен од Кичево, тој ќе стане втор по големина сопственик со удел од 39 отсто во деловниот центар „Соравија“.

Мнозински сопственик со 51 проценти од акциите ќе биде Владимир Пјетерѓокај со албанската компанија „Пе-Вла-Ку“, додека 10 проценти ќе му останат на досегашниот сопственик Хано Соравија. Соравија ја премолче цената за купопродажбата на деловниот центар, велејќи дека е деловна тајна.

Во јавноста се отворија големи сомнежи како Дрин Ахмети влезе во сопственоста на Соравија.

Слични објави