Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, пообилен во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а наместа, долж Повардарието, повремено засилен ветар од северен правец.
Минималните утрински температури ќе изнесуваат од 4 до 6 степени, а дневните максимални температури ќе се движат од 9 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.