Грција ги исвестила сите држави дека не важат македонските пасоши без „Северна“ по 12 февруари

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи кажа дека Грција веќе ги известила сите држави дека пасошите без „Северна“ не важат. Личните карти остануваат валидни, а стратегијата на Владата е да се издадат се повеќе исправи, иако МВР нема ниту обрасци.

„Има едно писмо со кое Грција ги има информирано сите држави дека по 12. влегува во сила обврската. Мислам дека стратегијата треба да е да се работи како да ќе нема флексибилност“, кажа Османи.

За личните карти тој рече ќе бидат валидни, но дали ќе може да се минува граница било комплицирано прашање. Ако дозволат државите ќе може да се минува

Имаме комуникации со државите. До 12. да сработиме се што можеме до максимум“, рече Османи.

Воедно, тој посочи дека има дилема и дали важат возачките дозволи. Смета дека мора да се сменат оти тие се употребуваат заФ поминување на граница со возило.

„Да ги потсетам граѓаните дека и сообраќајните дозволи да бидат сменети“, посочи Османи.

Слични објави