Гостин во хотел на Бит Пазар пронајден мртов

од Вести365.МК Ј.Р.

На 01.06.2026 околу 11:40 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во хотел на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат З.Ј.(74) од Тетово, кој бил гостин во хотелот.

-Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, информира МВР.

Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Слични објави