Вучиќ се сретна со Филип Рикер, разговараа за билатералната соработка меѓу Србија и САД и за важни проекти

од Вести365.МК | М.Т.

Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со поранешниот в.д помошник државен секретар на САД Филип Рикер, со кого разговараше за глобалните прашања и билатералната соработка меѓу Србија и Соединетите Американски Држави.

Тема на разговор беше претстојната изложба ЕКСПО 27, како и други значајни проекти.

„Разговор со мојот стар пријател Филип Рикер, за сите важни глобални прашања, но и за билатералните односи меѓу Србија и САД. Долго разговаравме за економскиот напредок на Србија, претстојната изложба ЕКСПО 27 и големите инфраструктурни проекти. напиша Вучиќ на Инстаграм.

Слични објави