Во недела и понеделник нестабилно време со пороен дожд и грмежи

од Вести365.МК Ј.Р.

Променливо облачно и нестабилно време нѐ очекува во недела и понеделник.

Под влијание на циклонска активност во недела попладне, во текот на ноќта и во понеделник претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР.

Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 25 l/m²) и засилен ветер. Во понеделник ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h). Во деновите потоа ќе има стабилизирање на времето.

Слични објави