ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Груби ја заглавија Македонија да плати 53 милиони евра еднократно и над 2 милиони секој месец

Ковачевски и Груби ја заглавија Македонија да плати 53 милиони евра еднократно и над 2 милиони секој месец. Поминаа 45 дена од потпишување на договорот помеѓу владата и „Бехтел и Енка“, работа на терен нема, но затоа има обврска владата да исплати 53 милиони евра еднократно и над 2 милиони евра секој месец, затоа што потпиша договор со услови кои не може да се исполнат, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

Тие потенцираат дека штета по буџетот заради Ковачевски и Груби кумулативно за период од 5 години ќе биде над 150 милиони евра.

– Како што води политика власта, ова нема да биде единствена штета која ќе ја претрпи државата, имено со законските измени кои се туркаат штети по разни основи ќе има многу, нагласуваат тие.

Додаваат дека Ковачевски и Груби не можат да се сокријат од одговорност, одговорност ќе има за штетите кои ги нанела на државата, затоа е паниката голема.

– И Ковачевски и Груби знаат дека ќе треба да се соочат со одговорност, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични објави