Вардар на крилата на Комити, се враќа во ПМФЛ!

Денеска во Кавадарци, Вардар го победи Скопје со 3:0 во бараж дуелот за ПМФЛ и се врати во елитата. Верните фановите на Вардар “комитите“ направија убава атмосфера на историскиот меч на стадионот во Кавадарци. Кавадарци просто “ГОРЕШЕ“, додека фудбалерите на Вардар го славеа пласманот во Прва лига.

Посебна почит за вардаровите фудбалери, особено за херојот Размоски, но “комитите” треба посебно да се истакнат. Тие направија незаборавно шоу на Градскиот стадион во Кавадарци.

Со својата постојана поддршка, песни и навивање, “комитите” им дадоа сила на младите вардарови фудбалери, кои одиграа меч со страст, како за себе, така и за сите вардарови подржувачи, конечно Вардар се брати таму каде што заслужува во Првата лига.

Слични објави