Првите натпревари од полуфиналните двомечи во Конференциската лига ги добија Базел и Вест Хем. Швајцарците славеа со 2-1 во денешниот меч против екипата на Фиорентина во Фиренца, додека Вест Хем го сврте мечот против АЗ Алкмар во конечни 2-1, на домашен терен во Лондон.
Вечерашните полуфинални мечеви во третото по ранг европско натпреварување беа одбележани со два џиновски пресврта. Базел направи поголем чекор кон финалето поради триумфот на „Артемио Франки“ во Фиренца. Во 92-та минута, Амдуни го осигура триумфот на Базел, откако најпрво Диуф во 71-та минута израмни. Пред тоа, во 25-та минута, Кабрал постигна гол за Фиорентина.
Сега Базел го има домашниот терен за предност, но за да дојде до големото финале, ќе мора да ја повтори играта од вечерашното второ полувреме.

Лондонски Вест Хем го сврте мечот против АЗ Алкмар со два гола во периодот од 67-та до 76-та минута. Бенрама постигна гол од пенал, а Антонио дополни со уште еден гол. Рејндерс постигна гол за АЗ во 41-та минута.