Ајнтрахт е вториот финалист во Купот на Германија!

Во второто полуфинале на германскиот куп, Ајнтрахт како гостин го победи Штутгарт со 3-2 и си закажа финале во Берлин против бранителот на трофејот, Лајпциг. Екипата на Штутгарт водеше со 1-0 по првото полувреме, но фудбалерите на Ајнтрахт успеаа да постигнат три гола во периодот од 51-вата до 77-мата минута. Домашните намалија на 2-3, но потоа останаа со човек помалку и немаа сили за нешто повеќе.

Во финишот имаше драма, се гледаше снимка дали има пенал за Штутгарт, но судијата пресуди во полза на Ајнтрахт. Тимот од Франкфурт, кој пред пет години го освои Купот на Германија, сега ќе има прилика да го повтори успехот. За Штутгарт последно финале останува тоа пред десет години.

Слични објави