Ѓорѓе Давид во лоша психичка состојба: И татко му загинал во сообраќајка, постојано сонувал лелеци

од Вести365.МК | М.Т.

Српскиот рок-музичар Ѓорѓе Давид, кој доживеа сообраќајна несреќа во Македонија, по што една жена го загуби животот не се чувствува добро по трагедијата и бара стручна помош за да ја надмине траумата, пренесуваат српските медиуми.

Иако помина само со полесни физички повреди, а по извршените анализи на крвта било утврдено дека не бил под дејство на алкохол или други опијати, тој засега не смее да ја напушти Македонија и му се одземени документите, што според пријателите „дополнително влијае на неговата психа“.

Не е добро! Иако физички е речиси целосно закрепнат, психички воопшто не е. Бара психијатар, не може да спие, слуша лелеци и врисоци, пред очи постојано му се сцени од несреќи. Не знаеме како ќе се опорави од ова, дефинитивно му треба разговор, вели пријател на пејачот за српска „Република“.

Музичарот веќе еднаш доживеал сличен хорор, кога неговиот татко загинал во сообраќајна несреќа, додека тој за влакно ја избегнал смртта.

Слични објави