Според Каталонски „Спорт“ поранешниот ракометар на Металург и Вардар, сегашен играч на РК Барселона Лука Циндриќ , од раководството на шпанскиот клуб го информирале дека на крајот на сезоната договорот ќе му биде раскинат.
Според истиот извор одлуката во Барселона ја донеле поради се почестите повреди на хрватскиот репрезентативец, а воедно раскинувањето на договорот со Циндриќ значително ќе ја олесни финансиската состојба во клубот. Покрај Циндриќ, Барселона на позицијата среден бек ги има неодамна потпишаниот Пол Валера од Гранољерс и Словенецот Домен Макуц.
Циндриќ дојде во Барса во 2019 година од Кјелце, по што два пати ја освои европската титула и го продолжи договорот до 2025 година, но нема да го одработи до крај.