Чаурата–доказ од местото на убиството на Жежовски, не може да се вештачи од технички причини

од Вести365.МК Ј.Р.

На денешното рочиште од судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, уште на почетокот, првообвинетиот Љупчо Палевски ги донесе дополнително предложените докази.

„Доказ 21 – наредба и службена белешка за одземњеа на видеа од камери сопственост на хотел Романтик. Сведокот на одбраната Стојан Кувенџиоски кој ги зел доказите ги потврди наводите за тоа колку лица се наоѓаат во ‘кангуто’ и ‘цитроенот’. Со белешката е утврдено дека при преглед на видеото е утврдено дека на камерата број 1 и 3 го покриваат регионалниот пат Велес -Скопје. При прегледот на видеата се забележува ‘кангуто’ како се движи од Велес кон Скопје и во него се забележуваат две лица, а во цитроенот се забележува едно лице. Ова е докажан и утврден факт со видеосведочење кое ОЈО Скопје не го доставил во доказите а доставени се девет други видеа“, рече Палевски.

Во исказите Манев и Кешишев и покрај спротивставените искази, кој во кое возило се возел, и двајцата потврдија дека никој не бил во задниот дел на „кангуто“, со што се потврдува дека во грабнувањето на Панче биле тројца, а не четворица како што тврди ОЈО. За вториот доказ чаурата за која што Палевски бараше да биде вештачења, судијата Ивица Стефановски ја покажа обезбедената чаура како составен дел на доказите. Другите обвинети не поднесоа дополнителни докази.

Обвинителство како дополнителни докази ги предложи одговорот на барање на податоци од ЈКП Дервен – Велес на околност дали Боре Видевски на 22.11.2023 и 27.11.2023 бил на работа за време на убиствата на Панче и Вања, листа со телефонски повици од 22.11.2023 и 27.11.2023.

Адвокатот на Видевски приговараше на доказот, известување на ЈКП Дервен дали Видевски бил двата критични дена на работа, да биде изваден и рече дека ќе предложи свој доказ. Другите обвинети не приговараа за овие докази на обвинителството и судот ги прифати.

Обвинителката читајќи го известувањето кажа дека ЈКП Дервен потврдил дека на 22 и 27. 11.2023 Боре Видевски не бил на работа овие два дена, согласно електронската евиденција на претпријатието. Обвинителството прочита и известување на МВР во однос на тоа дали е извршено пробно пукање од пиштолот на Боре Видевски, заведено во полициската евиденција. Во известувањето се наведува дека од пиштолот на Боре Видевски нема податоци за извршено пробно испукување, како што налага законот. Ова од причина да се направи споредба на пиштолот на Видевски со карактеристики на пронајдената чаура во Рудник кај Велес, непосредно каде што е пронајден закопан Жежовски. Во врска со овој доказ на ОЈО, Палевски рече дека му посочува на судот дека барал вештачење на чаурата како доказ на одбраната, а не ОЈО да дава податоци дали постои потисок на ударна игла на конкретното оружје.

„Но наместо вештачење овде гледаме наредба за информации. Така што ова како доказ нема никаква употребна вредност, затоа што поседувам докази кои во оваа дополнителна доказна постапка ќе докажат дека 18 часа по пронаоѓањето на Жежовски, ОЈО било запознаено со ова оружје. Но тие документи на МВР не постојат во истражните списи. Зато ова не е изговор чаурата да не може да биде вештачена. Не ми смета овој доказ, но инсистирам на наредба за вештање на чаурата“ рече Палевски.

Судот го прифати и овој доказ на обвинителството. За известувањето на БЈБ, обвинителството кажа дека во него пишува дека Форензика, на 09.05.2025 барала дополнително известување во врска со извештајот од анализата во однос на предметната чаура при извшениот увид во Велес.

„Овој доказ го предлагам поради околноста, дали карактеристиките на пронајдената чаура се совпаѓаат со карактеристиките на оружјето кое го имал Боре Видевски со калибар 9мм. За пронајдената чаура е направена споредба со базата која ја поседуваат. Видно од известувањето, доставена е информација дека предметната чаура потекнува од муниција со калибар 9мм, произведена од 2002 година. Истата поседува механички траги. Механичките траги се внесени во автоматска компарација и не се постигнати совпаѓања и поклопување на трагите, со внесените чаури во системот кои потекнуваат од кривично правни настани на територија на државата. Била направена и компаративна анализа и за пиштолот на Боре Видевски, доставени од полицијата во Велес, од 6 мај 2025 година, и се известува дека со оглед на тоа дека нема податоци за извршено пробно испукување не е направена споредба и се појаснува дека без доставени чаури од пробно испитување од конретното оружје не може да се врши компаративно испитување од предметната чаура“, појаснија од обвинителството зошто чаурата не може да се вештачи, како што бара Палевски.

Слични објави