Потрудете се да го решите проблемот со главоболката на сосема природен начин.
Луѓето кои имаат проблем со главоболката најчесто прво се свртуваат кон лекови, што секако е сосема погрешно.
Постојат голем број на сосема природни „лекови“, односно намирници кои можат да помогнат во отстранувањето на главоболката. Еве за кои намирници зборуваме.
Банани
Ако почувствувате дека започнува напад на мигрена, наместо преработена храна како слатки, подобра идеја е да се свртите кон бананите. Нивната тајна е во тоа што брзо даваат многу енергија и содржат многу магнезиум, кој благотворно делува на луѓето кои страдаат од главоболки. Освен тоа, дури 74 отсто од бананите се вода, па се одлични за хидратација на организмот.
Семиња
Со оглед на тоа дека недостатокот на магнезиум е еден од најчестите нутритивни предизвици, дополнувањето на овој минерал е задолжително, а во големи количини може да се најде во семките од чиа, семките од тиква и ленот.
Билни чаеви
Покрај тоа што чајот хидрира, ако внимателно го изберете растението, можете да ги ублажите симптомите на мигрена. На пример, нането е познато по тоа што го ублажува притисокот во пределот на синусите, што е чест симптом на синусна главоболка, а чајот од нане ќе помогне и кога се вдишува и кога се пие.
Чоколадо
Ако ве боли главоболка затоа што го намалувате или целосно го исфрлате кафето, јадете повеќе чоколадо. Освен тоа, темното чоколадо е богат извор на магнезиум, пренесува Аваз.
Печурки
Во некои случаи, главоболките се јавуваат поради слабата апсорпција во цревата, каде што витаминот Б2 може да помогне. Најмногу го има во печурките, во овошје и јајцата, а делува и како превенција од главоболки поврзани со мигрена.