Фрејзер трпел сексуална злоупотреба од новинари и се повлекол од срам: „Се чувствував како дете“

од Вести365.МК Ј.Р.

Брендан Фрејзер го освои Оскарот за најдобар актер за филмот „Кит“.

Актерот ја започна својата кариера во деведесеттите. Првата голема улога Брендан ја доби во 1992 година во филмот „Прачовек од Калифорнија“, а улогата во „Џорџ од џунглата“ во 1997 година го лансираше меѓу ѕвездите. Во 2000 година глумеше со Елизабет Харли во филмот „Маѓепсани“, а можеби најмногу внимание од јавноста привлече со улогата во филмскиот серијал „Мумија“.

Но, на врвот на својата кариера, Фрејзер се пензионираше поради наводен инцидент со поранешниот претседател на Здружението на странски печат во Холивуд, Филип Берк. Во ретко интервју за GQ во 2018 година, Фрејзер рече дека Филип Берк сексуално го злоставувал за време на ручек во хотел во Беверли Хилс.

„Тој ме фати за задникот со левата рака, а еден од неговите прсти го допре делот помеѓу ректумот и пенисот. И почна да ја движи раката. Се чувствував лошо. Се чувствував како мало дете. Се чувствував како да имам грутка во грлото. Мислев дека ќе се расплачам“, изјави тогаш актерот. Тој додаде дека инцидентот го принудил да се повлече и дека „се чувствувал недобредојден“.

Покрај инцидентот со Берк, Фрејзер имаше и бројни други проблеми кои му ја попречија кариерата. Во болниците остана речиси седум години, а зад себе има и неколку операции. Има големи проблеми со ‘рбетот, поради што направи ламинектомија. Имаше проблеми со колената и гласните жици.

Но, филмот за кој Фрејзер сега доби Оскар го одбележа големото враќање на славниот актер. Во септември минатата година, тој го привлече вниманието на Филмскиот фестивал во Венеција кога доби пофалби за улогата во филмот „Кит“ на Дарен Аронофски. Фрејзер ја задржа присебноста додека чекореше по црвениот тепих на познатиот фестивал, за да се расплаче за време на премиерата во гледалиштето.

Слични објави