Филипче старо нов претседател на СДСМ

од Вести365.МК Ј.Р.

Венко Филипче до 2029-та ќе ја води СДСМ откако на внатрепартиските избори псвои 18.001 глас. Филипче немаше противкандидати, а 139 ливчиња беа неважечки.

На ланските партиски избори за довршување на мандатот од 2021-ва, Филипче стигна до бројка пд над 9 илјади гласови и во обраќањето синоќа посочи дека “значително зголемената поддршка во споредба со претходниот пат е потврда на исправноста на досегашните политики на СДСМ.” Иако во споредба со неговите претходници, Заев и Ковачевски има многу помалку гласови од партискоот членство што укажува на тоа дека таму работите не се баш розови.

-Ова не е само моја победа, ова е заедничка победа. Фактот што добив двојно повеќе гласови од минатиот пат е доказ дека нашата интензивна работа дава резултати и дека нашите членови искрено веруваат во исправноста на политиките што ги водиме, рече Филипче.

Слични објави