Ужас во Скопје, силувана малолетничка

од Вести365.МК | Е.Д.

19-годишен жител на скопското село Крушопек е уапсен под сомнение дека силувал малолетничка од тетовско село, соопшти МВР.

„На 21.03.2023 во 18.45 часот во с.Радуша, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Сарај го лишиле од слобода М.И.(19) од с.Крушопек, скопско, затоа што извршил обљуба врз малолетничка од тетовско село. Тој бил задржан во полициска станица“, се вели во полициското соопштение.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од полицијата.

Слични објави