Тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ, кој денеска уби најмалку три лица во Градачац, се самоубил пред очите на полицијата, дознава Klix.ba.
Сулејмановиќ, фитнес тренер, прво ја убил сопругата, а злосторството го пренесувал во живо на Инстаграм.
Тој не застанал тука и продолжил со крвавиот чин. Како што потврдија за Klix.ba од Обвинителството на кантонот Тузла, најмалку три лица се убиени. Исто така, има и неколку ранети.
После тоа повторно контактирал со Инстаграм, во живо, од непозната локација. Таму зборуваше за тоа како ги извршил убиствата. Тој рече дека ги убил „непријателите на таткото и синот“.
Покрената е голема полициска акција, а како што пренесуваат босанските медиуми, тој потоа се самоубил пред очите на полицијата.