Уапсен 15-годишникот кој пукал кон главата на неговиот наставник ФОТО

од Вести365.МК Ј.Р.

Вработен во основното училиште во Лукавац бил застрелан од поранешен ученик, пренесува за утринскиот инцидент босанскиот медиум Klix.ba. Според нивните информации, станува збор поранешниот ученик во тоа училиште Г.М.(2008), кој поради прилично лошо однесување бил префрлен во друго основно училиште.

Ученикот утринава вооружен дошол во училиште и го барал вработениот Н.О., наставник по англиски јазик, кон кого пукал кон главата. Го ранил во пределот на вратот, а ранетиот е во тешка состојба.

Застреланиот вработен во училиштето е префрлен во Клиничкиот центар во Тузла, а операцијата е во тек. Повеќе детали за неговата здравствена состојба ќе бидат познати во текот на денот.

Полицијата веднаш го уапсила ученикот кој пукал, а кај него бил пронајден пиштол.

Видео: Тука

Слични објави