Поранешен ученик застрела вработен во училиште во Лукавац

од Вести365.МК Ј.Р.

Поранешен ученик од основното училиште „Лукавац Град“ во Босна и Херцеговина утрово влегол во училиштето и пукал во вработен, кој во моментов е хоспитализиран.

Сè уште не е потврдено за кого точно се работи, со оглед на тоа дека според едни сознанија бил застрелан педагог, а според други наставник.

Оваа информација за Klix.ba ја потврди и градоначалникот на Лукавац, Един Делиќ, посочувајќи дека пукањето го извршил ученик. Според него, полицијата веднаш го ставила под контрола и привела малолетниот напаѓач.

Исто така, пронајдено е и оружјето со кое го извршил нападот.

Сараевскиот портал Кликс неофицијално дознава дека се работи за ученик кој поради лошо однесување бил префрлен од едно во друго основно училиште.

Полицијата сè уште не соопштува детали за случајот, наведувајќи дека од терен се прибираат оперативни информации.

Фото: Кликс.ба

Слични објави