Подгорчанка скокнала од мост во главниот црногорски град, а во рацете држела машко бебе, за кое црногорските медиуми тврдат дека бил нејзиниот внук. Како што пишува црногорскиот медиум „Новости“, со брза реакција работници од комуналното претпријатие успеале да го спасат бебето од реката Морача.
Двајцата работници вршеле редовни задачи кај мостот кога виделе дека бебето паднало во студената река. Со брза реакција успеале да го извлечат детето на брегот.
Детето било без свест, а уште не се знае што се случило со жената. Брзата помош брзо реагирала и го пренела момчето во болница.