Пејачката за време на настапот скокна од сцената и „нурна“ под неа, а снимката од тој момент стана вирален хит.
„Ова е најлудото нешто што сум го видел“, „Зошто пливаше, дали е добро?“, „Дефинитивно најдобриот момент на концертот“, „Сè уште не ми се верува дека Тејлор го направи тоа“, се само некои од реакциите на Твитер.
Малку подолго видео беше објавено и на TikTok и за кратко време собра повеќе од 15,6 милиони прегледи. „Таа навистина реши да ја надомести целата таа драма со билетите“, „Не ми се верува дека можеше да го задржи здивот толку долго“, „Во што скокна?“ се само дел од коментарите на корисниците.
Инаку, Тејлор на концертот во петокот изведе 44 песни, нови и стари, а на стадионот State Farm во Аризона се собраа околу 80.000 фанови. Американскиот град беше преименуван поради овој концерт. Турнејата на Тејлор Свифт го собори рекордот по бројот на продадени билети за концерт од уметник за еден ден. Продадени се дури 2,4 милиони.
Пејачката последен пат беше на турнеја пред пет години и за тоа време објави четири албуми, меѓу кои и „ Folklore“ ,добитник на Греми. Покрај тоа, само еден ден пред почетокот на турнејата, Свифт објави четири нови песни.
И покрај големиот интерес и пофалби од фановите, турнејата на Тејлор Свифт не помина без скандали. На почетокот на декември минатата година, обожавателите на пејачката поднесоа тужба против Тикетмастер, американска компанија за продажба и дистрибуција на билети.
Тие го обвинија Ticketmaster за „измама, местење цени и кршење на антимонополските права“. Тужбата, исто така, го обвини Ticketmaster за „намерна измама“ што им овозможи на препродавачите и ботовите да земат поголем дел од билетите за турнејата The Erasе.
Тејлор Свифт претходно им се извини на обожавателите, велејќи дека е болно да се гледаат фановите како се мачат да обезбедат билети за нејзината турнеја во САД преку платформата Ticketmaster, на која билетите се продаваат за дури 33.000 евра.