Тешка сообраќајка во Србија, загинале македонски државјани

од Вести365.МК Ј.Р.

На автопатот Белград – Ниш, утрово се случила сообраќајна несреќа во која загинале две лица, а едно лице е повредено и е пренесено во блница, дознава Танјуг.

Маж и жена беа извлечени од автомобил со германски таблички, а едно лице беше однесено во болница по несреќата, објави српски Курир.

Според порталот, неофицијално, возачот на автомобилот „Сеат“ ја изгубил контролата врз возилото и излетал од патот, удрил во банкина и во еден знак.

Мажот и жената починале на самото место. Несреќата се случила на раскрсницата Умчари. Тие се државјани на Северна Македонија од албанско потекло.

Увидот на местото на настанот е во тек, како и истрагата, и се претпоставува дека заморот на возачот придонел за ужасниот исход, па не е исклучено дека излетал од патот бидејќи заспал на воланот.

Слични објави