Непознати причини предизвикаа судир помеѓу товарен и патнички воз близу месноста Темпи кај градот Лариса во Грција, кратко пред полноќ. Според официјалните известувања на Противпожарната служба, на теренот цела ноќ беа спасувачки екипи, кои продолжуваат со акциите и утрово. Во моментот, бројката на загинатите е 32, а бројот на повредените изнесува 85, од кои 53 се хоспитализирани. Возот што превозел околу 350 патници на релацијата Атина – Солун, се судрил со товарниот воз. Причините на несреќата засега се непознати. Паралелно, спасувачките тимови се фокусираат на првите два превртени вагони и се користат четири специјални кранови за интервенција и расчистување на теренот. Идентификацијата на жртвите е исто така во тек.
Тешка железничка несреќа во Грција, најмалку 32 загинати и 85 повредени(ФОТО)
предходна објава