Полицијата вчера го уапси 56-годишниот Р.Љ од Тетово кој се движел со автомоибил „мерцедес“, со обоени црвени регистарски таблички и вградени светлосни сигнали – флешери.
– На 25.09.2025 во 16:40 часот поради сторени сообраќајни прекршоци по член 139 точка 11, член 36 точка 5 од Закон за возила и член 225 точка 9 од Закон за безбедност на патниот сообраќај, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го приведоа Р.Љ.(56) од Тетово, кој се движел со патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки – се вели во соопштението.
Полицијата ги одзела флешерите и регистарските таблички, а против него ќе биде поднесена пријава.
Согласно одлуката донесена на владина седница, од 15 септември сите државни институции и јавни правни лица се обврзани на службените автомобили да имаат регистарски таблички со црвена боја, со цел да се спречи злоупотребата на службените возила за приватни или партиски цели.