Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на која се разговараше за заштитата на државните интереси.
„На средбата поразговаравме и за предизвиците со кои сме соочени како држава и заклучивме дека не чека многу работа и во тој контекст потребно е да имаме партнерски однос сè со цел да изградиме едно општество каде основниот принцип ќе биде владеењето на правото, а со тоа Македонија ќе стане подобро и просперитетно место за живеење за сите граѓани“, изјави по средбата министерот Тошковски.