Најмалку 23 лица загинаа во силно невреме и најмалку едно во торнадото кое синоќа го погоди Мисисипи. Според Си-Ен-Ен, ветрот откорнал покриви, а илјадници луѓе останале без струја. Операцијата за пребарување и спасување на исчезнатите во невремето започна откако беше потврдено дека торнадото ги погодило градовите Силвер Сити и Ролинг Форк. Ролинг Форк е целосно уништен. „Градот ми го нема“, рече градоначалникот.
Опасноста се уште не е завршена. „Постои ризик од дополнителни силни грмотевици во недела од далечниот источен Тексас и централна Луизијана во јужниот и централниот дел на Мисисипи, Алабама и Џорџија јавува БиБиСи..
Се очекува бројот на загинатите да се зголеми
Четири лица се водат како исчезнати, а тимовите за пребарување и спасување трагаат по преживеани откако невремето ја погоди областа Сивер Сити во западен Мисисипи, соопшти државната Агенција за вонредни состојби. „За жал, очекуваме овие бројки да се променат“, најавија тие, мислејќи на зголемување на бројот на жртви.
„Никогаш не сум видела вакво нешто. Ова беше многу добар мал град, а сега го нема“, изјави една жителка за CNN. Најмалку 13 смртни случаи се пријавени во близина на Џексон, рече судијата на округот Шарки, Ангела Истон. Тројца други се мртви, а најмалку две лица се во критична состојба во округот Хемфрис, изјави директорот за управување со вонредни состојби Ројс Стид за Си-Ен-Ен рано утринава.
Во округот Керол, три лица загинаа во еден дом, изјави судскиот совет Марк Стајлс за Си-Ен-Ен, додавајќи дека се чини дека тие загинале во торнадото. Дополнително, две лица загинаа во округот Монро во североисточниот дел на Мисисипи, изјави судскиот совет Алан Гурли.
Градот Ролинг Форк беше срамнет со земја.
„Целосно уништување. Додека гледам од лево кон десно, тоа е сè што гледам. Многу погодени и повредени семејства… Оваа заедница е во ситуација што никогаш не ја очекувавме. Мојот град го нема“, рече градоначалникот Елдриџ Вокер. „Но ние сме отпорни и ќе се вратиме“.