СПС на Дачиќ е против воведување санкции кон Русија

од Вести365.МК Ј.Р.

Претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Ивица Дачиќ изјави дека партијата силно го поддржува ставот на Советот за национална безбедност (СНБ) и го осудува нарушувањето на територијалниот интегритет на Украина, но не е за воведување санкции кон Русија.

– Таа политика јавно ја води и изразува претседателот Александар Вучиќ, а СПС силно ја поддржува, почитувајќи го ставот дека националниот интерес на Србија е најважен и дека нејзината иднина е наш приоритет, рече Дачиќ за денешното издание на весникот „Политика“.

Министерот за економија Раде Баста, кој беше избран за член на Единствена Србија (ЈС) на коалициската листа СПС-ЈС, вчера ги повика другите членови на српската влада да го кажат своето мислење за санкциите, оценувајќи дека Србија веќе плаќа висока цена за невоведувањето санкции кон Русија и дека тоа е неодржливо.

Претседателот на ЈС Драган Марковиќ Палма за „Политика“ изјави дека Баста изразил личен став и дека партијата е против воведување санкции против кој и да е.

Слични објави