Осум лица загинаа во напад кој беше оценет како терористички вчера вечерта во Младеновац, во селата Мало Орашје и Дубона. Меѓу жртвите има полицаец (20), неговата сестра и уште еден млад човек (21), а има 14 ранети, дознава Телеграф.рс.
Во полициската станица во Смедерево е приведен масовниот убиец Урош Б.
Според информациите на српските медиуми тој бил со другарите во училишниот двор кога се скарал со нив. Дошол во куќата и зел автоматска пушка. Потоа се вратил, пукал во групата што ја подготвувала скарата, па влегол во мерцедесот и наводно пукал од автомобилот во движење.
Наводно, подоцна го сменил автомобилот.
Инаку, осомничениот не бил осуден, но, како што се дознава, бил пријавен за насилство и се сметал за проблематичен човек. Наводно, напаѓачот е син на воено лице.
При неговото носење во станица белиот комбинезон им паднал во очи на многумина.
Овие комбинезони се носат за приведените да не се повредат. Се претпоставува и дека неговата гардероба била однесена на преглед.