Една жена за таблоидот Сан (The Sun) раскажа како нејзиниот сопруг и рекол дека по 21 година брак мора да се исели од куќата.
Таа има 51 година, а тој 49, а ова и е втор сопруг. Таа признава дека во последно време често се караат затоа што таа ја чува седумгодишната внука три дена во неделата после училиште, пренесува Вечерњи.
Имено, нејзиниот сопруг смета дека нејзината ќерка треба да најде алтернативна грижа за децата, но таа е самохрана мајка која не може да си го дозволи тоа.
Исто така, жената вели дека нејзиниот сопруг повеќе не сака финансиски да и помага, па нема да и помогне да плати за поправка на нејзиниот стар автомобил бидејќи сака да си купи нов спортски автомобил. Голема кавга се случила минатата недела кога нејзиниот сопруг сакал да гледа натпревар, но нејзината внука гледала цртани филмови на телевизија.
После тоа и рекол дека мора да се отсели. Жената вели дека е шокирана од ова и дека тој никогаш досега не се обидел да ја избрка. Таа се прашува дали тој минува низ средовечна криза.
Експертката за односи реши да одговори и да и помогне околу проблемот во кој се нашла. Таа вели дека сопругот би можел да минува низ средовечна криза, но и дека можеби е љубоморен на вниманието кое сопругата и го посветува на внуката.
Таа препорачува кога работите малку ќе се смират, таа да се обиде да разговара со сопругот и да открие што навистина се случува. Исто така, не би било лошо да го мотивира да поминува време со внуката за да се зближат: „Можеби би можел да и помогне со домашните задачи или да ја научи на некој нов спорт“.