Собранието денеска ќе даде „зелено светло“ за „Безбеден град“ – 4 типови на казни во првиот период

од Вести365.МК Ј.Р.

Собранието денеска се очекува да даде „зелено светло“ за воведување на системот „Безбеден град“. Со поддршка од двотретинско мнозинство, по претходен договор меѓу Мицкоски и Ахмети, камерите во Скопје, Тетово и Куманово веќе нема само да снимаат, туку ќе почнат и да „удираат“ по џебот на несовесните возачи.

Што треба да знаете пред 1 февруари? Во првата фаза, „окото“ на МВР ќе ги лови следните прекршоци:

  • Брзо возење (со воведена толеранција како на полициските радари);
  • Минување на црвено светло на семафор;
  • Непрописно паркирање низ градските сообраќајници;
  • Истечена регистрација (неважечка сообраќајна дозвола).

Додека СДСМ и натаму тврдоглаво и тотално неаргументирано остана на ставот дека нема да го поддржи законот поради измислен страв од некаква си злоупотреба на податоците, министерот Тошковски порача: „Девет човечки животи се спасени само во тест-периодот“.

Слични објави