Скопје втор најзагаден град во Европа

Тоа што сите надвор го гледаме има потврда и од светски рамки, Скопје не е само загадено, на второ место на најзагадени градови во Европа, според платформата „IQAir“, која го следи аерозагадувањето во реално време.

Со индекс на квалитетот на воздух од 161, аерозагадувањето во Скопје во моментов е штетно по здравјето, а полош воздух од македонскиот главен град во Европа е регистриран само во Сараево.

Од Европа на првите најлоши позиции се најдоа и Белград, Приштина и Софија.

Во светски рамки, Скопје во моментов е 10-ти најзагаден град во светот. На прво место е Лахоре во Индија.

Пред десетина дена, главниот македонски град исто така беше на неславното второ место по загаден воздух во Европа.

Слични објави