На 24 јули 2025 година, околу 12:15 часот, во водите на Охридското Езеро кај струшкото крајбрежје било пронајдено тело на машко лице, информираше ОВР Струга.
По извршените проверки било утврдено дека станува збор за И.Д. (55) од Скопје. Екипа од Итната медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.