„Скандалите со надзорот на коридорите продолжуваат, 4 лица добиле 900 илјади евра за еден месец за изготвување договор“

од Вести365.МК Ј.Р.

Не престануваат скандалите врзани со надзорот за изградбата на коридорите 8 и 10д, кој што го ангажираше криминалната власт на Ковачевски и Груби, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, оваа банда на власт ангажирала 4 лица за изготвување на договор со фирмата изведувач за неверојатни 900 илјади евра за еден месец! Во услови кога не е прецизирана вредноста на вкупниот проект, кога нема целосна проектна документација за истиот, овие лица ангажирани од Губи и Ковачевски ги платиле речиси еден милион евра. Владата на најсиромашната земја во Европа се расфрла со народните пари замесечни хонорари кои се незамисливи за било кој во Македонија.

Дополнително, клучната компанија во конзорциумот кој ќе го врши надзорот, компанијата Електра Солушн, која до скоро се занимавала со шиење гаќи, ќе добие најголем дел од средствата предвидени за надзорот. Патем да биде уште посомнително, надзорот во овој случај ќе добие неколкукратно повеќе од сумите кои се наплаќани за надзор на други проекти. Пример, надзорен инженер за автопатот Скопје – Блаце е буџетиран на 2.900 евра месечно, а за надзорот на Коридорите 8 и 10д за истата позиција се предвидени седум пати повеќе, односно 20.000 евра месечно.

Услугата за еден геометар на надзорот на автопатот Скопје – Блаце чини 1.300 евра месечно, а за надзорот над Коридорите 8 и 10д е 5.600 евра месечно.

Надзорен инженер за животна средина за надзор на автопатот Кичево – Охрид е тарифиран 5.450 евра месечно, додека за Коридорите 8 и 10д 9.000 евра.

Како е возможно месечните надоместоци да бидат и до 7 пати повисоки. Да вршеа надзор на изградба на вселенска станица немаше толку да бидат платени.

Слични објави