Фудбалерите на Партизан и Црвена звезда веројатно нема да го одиграат 171-то вечно дерби во предвидениот термин.
Натпреварот е закажан за среда на 27 септември од 19 часот во Хумска, но според најавите биде одложен поради ситуацијата на Косово.
Се крена голема прашина околу изборот на судијата на овој меч, а Црвена звезда истакна дека во вторник на 26 септември во 12:00 часот ќе одлучат дали ќе излезат на терен доколку правдата ја дели Срѓан Јовановиќ.
Сепак, вистинската причина за одложување на вечното дерби е ситуацијата на Косово. Владата на Република Србија на вонредна седница го прогласи 27 септември 2023 година за Ден на жалост во целата земја и побара од сите организатори на јавни настани да ја прилагодат програмата на ситуацијата.
Претставниците на двата клуба беа во контакт со државните органи и беше донесена дефинитивна одлука за одложување на дербито, а новиот термин на натпреварот ќе биде објавен подоцна.