Еден човек загина, а шест лица се повредени во масовна тепачка што се случила на пазарот во бугарскиот град Казанлак. Според бугарските медиуми, една жена има скршена рака, а двајца мажи се во критична состојба.
Повредените се пренесени во Ургентниот центар во Казанлак.
Инцидентот се случил попладнево на пазарот во градот. Група мажи се степале со секири и мотики. Полицијата многу брзо пристигнала на местото на настанот.
Околу 14 часот денеска 30-тина лица се степале на паркингот зад кооперативниот пазар.
Две групи од селата Тажа и Манолово, во општина Павел Бања, имале семејна расправија, а потоа дошло до крвопролевање.