Седми ден од интензивната потрага по исчезнатиот човек од штипското село Степанци. Од ЦУК информираат дека по лицето трагаат околу 80 луѓе.
-Лицето последен пат било видено пред една недела, во саботата на 05.04.2025 година. Беше пријавено за исчезнато на 07.04.2025 година во 16.20 часот преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Во последните неколку денови на потрагата се приклучија и доброволци и членови од повеќе здруженија. Инаку, во почетокот беа известени МВР Штип и Локална самоуправа Штип, а потоа секако и други институции и служби, здруженија и граѓани коишто можат да помогнат, информираат од ЦУК.
Оттаму додаваат дека во текот на вчерашниот ден на зборното место кај продавницата во село Лакавица, големиот број доброволци и лица од институциите, службите и здруженијата се поделиле во групи и по правци на пребарување беше поголем реон. Истовремено, со неколку дронови (3-4, и службени и приватни) систематски биле пребарувани местата каде што беа тешко достапни, подлабоки долови, а и течението и вировите на надојдената река Лакавица.
Во потрагата се вклучени 10 полицајци, потоа десетина извидници, ловци, доброволци и роднини на исчезнатиот, кој за жал се уште не е пронајден.