Хамас објави видео кое, според нив, го прикажува израелско-американскиот заложник Едан Александер, кој е во Газа од 7 октомври 2023 година, кога беше киднапиран од страна на палестински милитанти.
Во видеото, младиот маж се претставува како Едан Александер и наведува дека во Газа е веќе 551 ден. Тој прашува зошто сè уште се наоѓа таму и моли да биде ослободен.
Монтираното видео е објавено непосредно пред еврејскиот празник Пасха, кој го слави ослободувањето. Семејството на Александер објави соопштение во кое наведува дека овој празник нема да биде празник на слободата сè додека Едан и останатите 58 заложници се уште се во заробеништво во Газа.