Македонската агенда е европска и европската агенда е и македонска агенда, а единствен што ги става во конфликт е Христијан Мицкоски, велат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) преку соопштение.
„За прв пат после 32 години независност, кога граѓаните се определија државата да стане дел од НАТО и дел од ЕУ, еден политичар вели дека европската агенда не е иста со македонската агенда што значи дека тој има некаков друг план во однос на интеграцијата на државата.
Мицкоски да каже кој е неговиот план, да го каже својот став и да ја каже алтернативата, бидејќи нема разлика помеѓу европската агенда и македонската агенда за евроатланска интеграција.
За продолжување на европскиот пат на државата потребно е усвојување на уставните измени, кои се дел од преговарачка рамка, усогласена меѓу 27 земји членки на ЕУ и прифатена од македонското собрание од политичари од различни политички партии.